ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Митева: Ковачевски да не ги држи во тајност одговорите за пакетот 5+1 кои се доставени до Бугарија

Кариеристот Димитров конечно призна дека Македонија преку него и Заев премногу ѝ ветила на Бугарија со надеж дека ќе го реши спорот. Иако на излезот од неговата кариера реши да замине со обвинувања кон неговите довчерашни соработници тој по ништо не се разликува од Заев и Османи, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку партиската портпаролка, Марија Митева.

Во реакцијата меѓу другото се вели:

„Додека Димитров обвинува за предавство, Ковачевски мудро молчи за тоа кои одговори Македонија ги дала на пакетот 5+1 кој е испратен од Софија како предуслов за поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција. Патем оваа делегитимирана влада на СДСМ чека став од страна на Бугарија по однос на овие одговори. Иако, никој не е запознаен за што преговарале Заев, Димитров и Османи. Дали македонската јавност повторно ќе биде изманипулирана и зад декларативна заложба дека ќе се почитува Резолуцијата, Ковачевски по стапките на својот ментор Заев ќе ги подрива македонските позиции?

Ковачевски е должен да и одговори на јавноста кои одговори се дадени и истите детално да ги образложи пред целата македонска јавност“, вели Митева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button