МАКЕДОНИЈА

Митева за можната набавка на државен авион: Неодговорно е што актуелната опозиција не направи ништо за државниот имот во изминатите години

Неодговорно е да имате опозиција којашто изминатите години апсолутно ништо не направи по однос на државниот имот и не само што не направи ништо, туку и она што беше досега направено го остави како во заборав на времето, нагласи на денешната прес-конференција владината портпаролка Марија Митева, откако оваа тема ја отвори директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

– Зборуваме како Влада за нешто што значи одговорност кон државниот имот, но и одговорност која што не е лична или индивидуална, туку е за потребите и намената на државата. Неодговорно е да имате опозиција која што изминатите години апсолутно ништо не направи по однос на државниот имот. Не само што не направи нешто ново, туку и она што беше досега направено го остави во незаборав на времето. Неспорен е фактот дека имаме еден претседател којшто има загинато во авионска несреќа, неспорен е фактот што имаме еден претседател врз којшто беше извршен обид за атентат и неспорен е фактот дека секоја држава треба да размислува како да ги намали овие ризици, изјави Митева.

Нагласи дека за државните интереси мора да се размислува со разум и одговорност, а не со политика.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button