ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Митреска: Во 2022 се очекува намалување на цените на сите примарни производи на глобалните пазари

Поскапувањето на одредени прехранбени артикли е минливо и е предизвикано од зголемувањето на цените на нафтата, појаснува во својот разговор за емисијата Економски Магазин, вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска. Како што вели таа, покачувањето на храната е концентрирана врз неколку производи и се очекува да биде минливо.

„Тоа не е некој дисперзиран раст меѓу сите прехранбени производи, концентриран е во неколку, како што е цената на маслото за јадење, односно цени кои се изложени на овие глобални влијанија. Но, да напоменам, овие промени во цените и на енергенсите и на цените на примарните производи, барем за сега, во глобални рамки се оценуваат како привремени, не се очекува да имаат продолжено влијание и да ја подгреваат инфлацијата и во периодот што следи. Во 2022 се очекува намалување на цените на сите примарни производи на глобалните пазари. И на нафтата и на цените на храната“, рече Митреска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button