ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкокси бара одговорност за изборот на надзорните фирми

Надлежните за тендерот за надзор на коридорот 8 и 10 Д мора да одговараат пред обвинителството – смета претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. Тој рече дека 30 милиони евра пари на граѓаните не можат да се фрлат во сомнителни фирми, затоа ќе дојде време на одговорност.

Реагираа и од Движењето БЕСА. Абдуш Демири вели дека изградбата на Коридорот 8 почнува без никаква консултација со жителите, чии земјишта ќе треба да се уништи за да се изгради автопатот.

„Што навистина се крие зад овие помпезни проекти кои потоа остануваат среде пат. Знаеме дека секој голем проект што е започнат од оваа Влада изненадувачки е што започнува на само неколку месеци или една година пред парламентарните избори, што не прави да се сомневаме во можноста оваа инкриминирана власт да краде што повеќе пари и со овие пари од граѓаните да купуваат гласови како што се случи на последните локални избори, да ги уценуваат граѓаните и да водат кампања со познати естрадни уметници бидејќи во спротивно граѓаните немаше да им одат на собирите“, рече Демири.

Демири од БЕСА нагласува дека најголемиот срам во овој проект е што дејноста на фирмата која ќе ги надгледува проектите не одговара на тендерот, туку како основна дејност го имаат производството на долна облека.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button