ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски бара лидерска средба со Ковачевски за предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која би се договорал датум за предвремени парламентарни избори. До одржувањето на евентуалните избори кои ги бара Мицкоски, тој понуди работни групи од експерти од партијата да соработуваат со власта во областа на економијата, образованието, здравството и надворешната политика, со цел излез од кризата. Тој за понудата, побара одговор од Ковачевски во наредните десет дена.

Advertisements

„Не е нормално премиерот да нема комуникација со лидерот на најголемата политичка партија. Доколку ја одбие и оваа понуда за средба за излез од националната катастрофа која ја живее Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава и потоа следуваат сериозни и досега непрактикувани чекори. Доколку биде одбиена средбата ќе се покаже дека државата има отсуство на било какво лидерство, а народот ќе мора да дојде по своето“, рече Мицкоски.

За стоте дена од работата на кабинетот на Ковачевски, Мицкоски оцени дека станува збор за сто дена на растечка сиромаштија и инфлација. Според него, државата е пред банкрот, а власта повторно се задолжува за да ги покрие дупките во буџетот, предизвикани од кражбите на функционерите.
Тој го обвини Ковачевски и за тргување со идентитетот зад затворени врати во дијалогот со Софија, а истакна и дека ВМРО-ДПМНЕ има услови за Бугарите да бидат дел од Уставот.

„Ако има отворање на Уставот, чин со кој е предвидено дел од бугарскиот народ да биде вклучен во Преамбулата на истиот, ВМРО-ДПМНЕ нема, повторувам, нема да го поддржи без претходни писмени гаранции за нашата историја, за нашиот македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност. Повторувам, нема тоа да го поддржиме и нема тоа да помине“, додава Мицкоски.

Според Мицкоски, Владата предводена од Ковачевски, дури и ги зголемува ѕидовите на поделба внатре во општеството и како што вели, за тоа сведочат се почестите дебати во јавноста за балансерот и Бадентерот.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button