ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски бара оставка од Владата

Оставка од Владата веднаш, побара денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста од синоќа – дека полицијата не може да го најде ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за да му го врачи решението со кое му е определен куќен притвор.

Во кус статус на Фејсбук, Мицкоски побара демисија од кабинетот на Заев, притоа не осврнувајќи се конкретно на исчезнувањето на Мијалков, ама со алузија во таа насока.

„Одамна реков, мафијата има своја држава. Нема дно кое не го пробија. Оставка на Владата веднаш“, напиша Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button