МАКЕДОНИЈА

Мицкоски бара средба со Ковачевски за енергетската криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, побара средба со премиерот Димитар Ковачевски, за да го објасни партискиот концепт за излез од енергетската криза. Мицкоски вели дека сега е потребно одговорно однесување, бидејќи енергетската криза преминува во финансиска. Тој на прес-конференцијата рече дека има контакти со компании од Германија, Швајцарија и Чешка кои се подготвени да преговараат со македонските власти за продажба на гасот. Тој повика на итна реакција.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера го презентираше владиниот план за ублажување на енергетската криза. Тој најави субвенционирање на сметките за струја за 650 илјади граѓани за 80 отсто. Тој рече дека ќе се субвенционираат сите училишта и здравствени домови за половина од цената на струјата. Меѓу другото, тој подвлече дека ќе има парно за граѓаните.

Освен одлуките за справување со енергетската криза, Ковачевски повика граѓаните да продолжат со мерките за штедење.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button