МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дијаспората се евидентира, но не може да биде дел од пописот

Дијаспората се евидентира, но не може да биде дел од пописот, рече во одговор на новинарско прашање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што додаде тој, сите лица коишто имаат повеќе од 12 месеци одјавени живеалишта во Македонија, не може да влезат во вкупната бројка на резидентно население и јас и ВМРО-ДПМНЕ тие бројки нема да ги признаеме.

„Не постои сила што мене ќе ме натера да одам спротивно од стандардите на Еуростат. Јасно усвоил Европскиот парламент и Европската Унија методологија за попишување на ‘население и домаќинства’. Сите оние коишто се во моментот на попис надвор, а не го одјавиле живеалиштето во изминативе 12 месеци, може да ја користат он-лајн апликацијата, останатите – не“, рече Мицкоски.

Како што додаде тој, лицата коишто го одјавиле своето живеалиште во Македонија, ќе бидат попишани во државата кадешто се наоѓаат, но не може и на двете места.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button