ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај „пасоши“, приведени девет лица во полициска акција

Деветмина полициски службеници се приведени попладнево во полициска акција, дознава Алсат од извори во МВР. Тие биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи. Од полицијата само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.
Аферата Мафија вчера на брифинг со новинарите ја обелодени ВМРО ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави документи за тоа како неколку лица осомничени за организиран криминал во регионот добиле документи за идентификација и патни исправи од С. Македонија. Според нивното досие, еден од босовите на турската мафија, Седат Пекер, има македонски пасош и лична карта издадени од Полициската станица во Драчево.

Според ВМРО, тој со лажен идентитет, според документите како Џадин Амедовски, со адреса во Скопје, престојувал и дејствувал незаконски долго време во земјава, сè до апсењето на 18 јануари, по што беше екстрадиран на Косово бидејќи имал и косовско државјанство.

Извори од полицијата велат дека осомничената група повеќе од една година се следи со ПИ мерки.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button