Мицкоски до Груевски: Немам намера да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку Фејсбук објава му се обрати на поранешниот претседател на партијата и екс премиер Никола Груевски, порачувајќи му дека нема намера со јавни преписки да биде дел од сценарио за создавање раздор во корист на оваа власт.
-Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам. Нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин: Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш, објави Мицкоски.