РАКОМЕТСПОРТ

Тешка задача за Пелистер, се бара чудо во Алборг!

Македонскиот првак не ја почна сезоната според очекувањата, ниту во домашниот шампионат, ниту пак во Лигата на шампиони. Има два порази од главниот конкурент за титулата, Вардар 1961 и еден убедлив на домашен терен од Колстад пред своите навивачи.

Тешките задачи за Пелистер оваа сезона допрва доаѓаат, барем кога станува збор за европскиот предизвик. Битолчани „ранети“ заминаа во Данска, имаа три дена да се опорават по поразот од Вардар 1961 и веќе денеска да се исправат против Алборг.

Јасно е дека противникот е фаворит против македонскиот првак, но она што во моментов се бара од ракометарите да ги оправдаат средствата вложени во нив, да покажат добра игра и да пружат силен отпор, да испратат порака дека пресметките, особено со Вардар 1961 биле само лош ден, дека навистина се направил вистинскиот избор при градењето на составот, поточно секој заслужува да биде дел од овој европски Пелистер.

Алборг е уште потешка задача од Колштад, а тоа Пелистер можеше да го види во првото коло од Лигата на шампиони, кога тимот предводен од Хансен и Ландин славеше против Кјелце на гостински терен и демонстрираше сила.

„ Втор натпревар по ред играме против скандинавски ривал. Не треба да се трошат зборови за Алборг. Оваа екипа неодамна играше и финале на Лигата на шампионите, а сега се засилени со ракометари како Ландин и повратникот Хансен. Верувам дека ќе се издигнеме, ќе одиграме во рамките на нашите можности и достојно ќе го претставиме македонскиот ракомет“, изјави Јовиќ на прес-конференцијата./Sportmedia.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button