Мицкоски: Драго ми е што СДСМ не ги прифати интерпелациите на ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави одлуката на СДСМ да не ги поддржи интерпелациите поднесени од ДУИ за четворица членови на владата, нарекувајќи го обединување за изолирање од екстреми. ДУИ во име на Европскиот фронт достави интерпелација до министерот за внатрешни работи Тошковски, заменик министерот Астрит Исени до првиот вицепремиер Изет Меџити и до вицепремиерот Иван Стоилковиќ.
Но, сепак, Мицкоски продолжува да смета дека не гледа аргументи за лидерска средба на која ќе се разговара за инцидентите од изминатата недела бидејќи МВР веќе ја има ситуацијата под контрола. Тој вели дека може да се договорат средби за други работи.
СДСМ на седницата на извршниот одбор одлучи да не ги поддржува интерпелациите.
„Тие во овој момент не претставуваат решение за кризата и може да значат нови поделби по етничка линија. Неопходен беше друг пристап, да се седне на лидерска средба и да се испратат заеднички пораки за смирување на тензиите и затоа што овој пристап се заснова на политичка зрелост, но владата го одбива тоа“, велат од СДСМ.
Се очекува интерпелациите да бидат ставени на дневен ред во Собранието во текот на наредната недела.
Фатлуме Дервиши