ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски ги презентираше 100те дена на својата влада

Мицкоски ги презентираше 100те дена на својата влада

Премиерот Христијан Мицкоски во презентацијата на првите 100 дена од неговата владата почна со поплаки за состојбата во која ги нашол институциите што ги наследил од претходната власт.

Advertisements

Мицкоски се пофали со парите доделени за општините, проширената листа на лекови, 4 странски инвестиции, исплата на субвенции останати од претходната влада, книги за учениците, одземање лиценци за игри на среќа и за неколку други проекти. Тој рече дека е 100% задоволен од секој функционер што го поставил. Мицкоски најави дека вистинските реформи во судството и во обвинителството допрва ќе следат, но и дека ќе одговараат оние што се огрешиле.

Премиерот Мицкоски повторно нагласи дека владината коалиција е стабилна и дека и покрај различните мислења за одредени прашања, сите коалициони партнери се обединети околу стратешките прашања.

Во своето експозе Мицкоски порача дека остануваат цврсто на патот на исполнувањето на двете стратешки цели – заштита на националните интереси и останување на патот кон ЕУ. Запрашан за изјавата на вицепремиерот Меџити, дека до крајот на годинава може да се направат уставни измени, Мицкоски рече дека е заинтересиран за договор и компромис, но без омаловажување и диктирање.

Владата на Мицкоски беше избрана на 23 јуни, по изборите одржани на 8 мај./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button