ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Го поддржувам протестот за Фросина, ќе се спроведе ригорозна казнена политика за ваков тип дивеење по улиците

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за протестот на граѓани поради сообраќајката во која на бул „Партизански одреди“ во Скопје беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова рече дека револтот на граѓаните е оправдан и оти ги поддржува протестите, најавувајќи дека ќе се спроведе ригорозна казнена политика на санкционирање на ваков тип дивеење.

Advertisements

-Апсолутно е оправдан револтот на граѓаните и тука нема никаква дилема и еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем што треба да детектира ваков тип на дивеење по булеварите и улиците не само во главниот град, туку и насекаде во државата. МВР тоа како постапка го спроведува, и наскоро ќе имаме еден таков систем којшто ваков тип на дивеење ќе санкционира. И тоа мора да се случи. Колку и да треба политички куршуми да добиеме ние, тоа мораме да го инсталираме имплементираме и да преземеме казнена политика која што ќе биде ригорозна, затоа што и еден живот да спасиме сме ја постигнале целта, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button