СПОРТФУДБАЛ

Шкотски напаѓач со богато искуство на Островот, потпишува со Гостивар?!

Македонскиот прволигаш Гостивар е пред потпис со уште еден фудбалер. Во тренинг-кампот во Хрватска на гостиварчани им се приклучи Ли Евринг, шкотски напаѓач со богато искуство играјќи на Островот.

Со пазарна вредност од 700.000 евра, 30-годишниот напаѓач треба да претставува големо засилување за амбициите на Гостивар, кој оваа сезона сериозно ќе атакува на местата кои што водат во Европа.

Евринг, претходно во својата кариера има настапувано за повеќе клубови од Англија и Шкотска, а најпознат е култниот Лидс Јунајтед, чиј дрес го носеше од 2015 до 217 година. Негов последен клуб е ХЈК за кого постигна шест гола.

Доколку двете страни се договорат за соработка, Евринг ќе стане првиот шкотски фудбалер кој некогаш настапил во ПМФЛ./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button