Мицкоски: Има прашања многу поважни од бројките и од процентите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот Кон“ на Алсат не сакаше да говори за процентуалната статистика од пописот говорејќи дека тој Македонија ја гледа како земја на сите луѓе и оти за народот има многу работи далеку поважни од бројките.
„…да видиме дали на луѓето коишто ги презентирате во проценти можеме животот да им го направиме подобар како луѓе, не како проценти… За иднината можеме да зборуваме ако ја напуштиме реториката на проценти, а да зборуваме за една иста кауза, а тоа е една нова иднина во која и јас и вие ќе имаме повеќе пари во џебот…И тие 14 луѓе коишто гореа, не ги интересираа ниту процентите, ниту условите во кои се сместени. Побараа да оздрават, но за жал, живи изгореа“, рече меѓудругото Мицкоски.