Мицкоски: На ДУИ им посакувам мирни опозициски денови и реформа на партијата
Премиерот Христијан Мицкоски им посака на членовите на ДУИ мирни опозициски денови со очекување дека за тој период партијата ќе успее да се реформира и да спроведе соодветни кадровски промени. Мицкоски изрази жалење што вчера, лидерот на Интегративците, Али Ахмети, партијата ја споредил со гума за спасување.
„Жалам што раководството на ДУИ и Али Ахмети ја споредија својата партија со гума за спасување, очекував поголема креативност, но тоа е што е. Им посакувам опозициски денови во кои ќе се реформираат, ќе го пронајдат својот програмски идентитет, кадровски да се реформираат, со нови, свежи кадри, па можеби на некои следни избори ќе се појават со поинаков пристап од оној што го гледавме изминативе 20 години, во кои најголема цел беше што повеќе да се украде“, рече Мицкоски