ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски на средба кај Касами: На граѓаните ќе им тргне кога ќе замине актуелната власт

Владата да замине час поскоро за да им тргне на граѓаните и на државата, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по денешната средба со градоначалникот на општина Тетово и лидер на партијата БЕСА, Билал Касами. Како што рече Мицкоски, тоа било заклучок и на повеќе од половина граѓани на нашата земја.
„Тоа е заклучок и на огромно мнозинство граѓани, повеќе од две третини, дека државата се движи во погрешен правец и дека оваа влада треба да замине за да им тргне на граѓаните, без разлика дали се тоа граѓани на Скопје, Штип, Тетово, Гостивар…“, рече Мицкоски.