ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со коалицијата за референдумот

Мицкоски на средба со коалицијата за референдумот

Првиот човек на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со коалициските партнери на разговори за најавениот референдум. Засега нема детали од средбите, но важни одлуки се очекуваат во текот на следниот период.

ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на оваа партија, Христијан Мицкоски, очекуваат коалициските партнери уште еднаш да ја потврдат својата поддршка за идејата за референдум кој би имал врска со содржината на преговарачката рамка со Европската Унија, поточно со прашања поврзани со дијалогот со Бугарија. Од друга страна, коалициските партнери ќе треба да ја потврдат својата позиција во коалицијата.

ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери во следниот период треба да одлучат какво ќе биде прашањето на референдумот и во каква форма ќе ја поднесат иницијативата за него.

Законските можности се референдумот да го иницираат 44-та пратеници од коалицијата или преку 150.000 граѓански потписи.

Мицкоски е убеден дека ниту еден од пратениците на неговата партија нема да гласа „за“ уставните измени за вклучување на Бугарите, а како влог за тоа ја става и сопствената политичка кариера. Од СДСМ пак, коментираа дека најавениот референдум му ја спасува фотелјата на Мицкоски на чело на партијата./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button