МАКЕДОНИЈА

ВМРО: Ковачевски и Груби да го осудат исвиркувањето на македонскиот јазик

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ и ДУИ да ги осудат свирежите и скандирањата во времето кога водителката зборуваше на македонски јазик на сцената на таканаречениот „Мировен фестивал“ за 21-годишнината од Охридскиот договор. Според опозициската партија, ова е уште едно омаловажување на македонскиот јазик, поради штетните договори со Бугарија.

Владата пак, има намера оваа манифестација да ја претвори во традиционална. Првиот вицепремиер Артан Груби ги изрази своите намери манифестацијата да добие форма на фестивал сличен на „Сани Хил“ во Косово или „Егзит“ во Србија. Но, за разлика од двата странски настана кои се финансирани од донатори, концертот за Охридскиот договор е платен со пари од државниот буџет. Медиумите објавија дека на пејачите им биле исплатени по околу 10 илјади евра, на авторот на химната над 5 илјади евра, на преведувачите по илјада евра, па вкупните трошоци достигнале 100 илјади евра.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button