ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наместо комбиниран, целосно електронски попис

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека партијата во текот на вчерашниот ден одржала седница на Извршниот комитет, на кој била донесена одлука од денеска да почне процедурата за собирање на потписи со која ќе се оспори донесениот Закон за попис.

Advertisements

„Утре ја започнуваме оваа постапка, а формално собирањето на потписи започнува на почетокот на следниот месец“, рече Мицкоски и повика пописот наместо физички да се спроведе целосно електронски.

„Комбинираниот попис што го споменува Заев повторно значи одење на врата од страна на попишувачите. Ние бараме тој да биде електронски“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button