СПОРТФУДБАЛ

Шпанска фудбалска бомба! Лука Јовиќ се враќа во Реал Мадрид, но Зидан нема да му биде тренер!!!

Лука Јовиќ не успеа да добие вистинска, континуирана шанса во Реал Мадрид заради ставовите на неговиот тренер Зинедин Зидан. Сега српскиот голгетер ужива во Германија, а кога ќе се врати во „кралскиот клуб“ од позајмица, можеби легендарниот Французин нема да биде негов тренер.

Имено, како главна вест, шпанскиот „Ас“ денеска известува дека Зидан е отпуштен, а тоа може да го избегне само под услов – Реал Мадрид да ја освои Лигата на шампионите.

Нема да биде лесно, со оглед на тоа како игра неговиот тим во последно време.

За само 17 дена, Реал Мадрид остана без шпанскиот Суперкуп и можеби титулата, поради низата неуспеси.

Сега „Зизу“ има само 25 дена да го подготви тимот за првиот натпревар од нокаут фазата во Лигата на шампионите со Аталанта. А, потоа се разбира, има уште потешки задачи во елитното натпреварување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button