СПОРТФУДБАЛ

(ВИДЕО) Со копачка во лице! Голманот итно пренесен во болница – Брутален прекршок на бразилското првенство

Грозоморна сцена се случи на мечот во бразилскиот фудбалски шампионат помеѓу Баија и Васко да Гама.

Леандро Кастан, поранешен играч на Рома, а сега Васка, невнимателно се упати кон топката, кон која со глава тргна и голманот на Баија, Даглас Фридрих.

Со копачката Кастан го удри чуварот на мрежата на ривалот право во лицето, по што тој веднаш беше пренесен во болница поради сериозна повреда во пределот на главата. Низа критики во врска со инцидентот се упатени на сметка на судиите на натпреварот кои и покрај очигледниот недозволен старт побарале потврда и од ВАР истемот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button