ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема да завршиме само со блокада на Собранието, ова ќе трае повеќе месеци

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека блокадата на Собранието од опозицијата нема да трае неколку дена туку можеби и со недели и месеци, односно сè додека Владата не седне да разговара со нив и не се договорат за предвремени парламентарни избори.

Advertisements

Идејата за блокада Мицкоски вечерва ќе ја презентира на седница на Извршниот комитет, кој ќе донесе одлука дали партијата ќе преземе таков чекор во парламентот или не. Меѓутоа, вели партискиот лидер, нема да застанат тука.

„Ако мислите дека ќе завршиме тука, нема. Ова ќе биде процес во кој треба комплетно да ја принудиме оваа влада раководена од 15 пратеници на ДУИ и администрирана од Ковачевски и СДСМ да замине, затоа што мора да се согласите дека сега како никогаш во минатото не било толку лошо. Сега не е лошо туку очајно, имаме национална катастрофа, девастирана економија, урнисано здравство, многу лоша состојба во образованието“, изјави денеска Мицкоски.

Тој додаде дека тие како државотворна партија, а тој лично како одговорен политичар нема да дозволат државата да има сè помалку, па затоа се решаваат на вакви чекори. Мицкоски им се извини и на граѓаните за она што ќе следува.

„Во најмала рака ова е процес кој ќе трае повеќе месеци сè додека оваа неразумна влада не се вразуми. Однапред им се извинувам на граѓаните за тоа што ќе следи, но мора да нè разберат дека ни е потребна поддршка и охрабрување за да си ја спасиме Македонија затоа што ако оваа влада остане уште еден ден повеќе Македонија ќе има помалку на сметка на нив. Почекајте, допрва следуваат повеќе чекори, а со ова само започнуваме. Не можам да дозволам иднината на Македонија да се крои во Мала Речица. Иднината ќе ја кројат граѓаните, а не тие кои денеска се таму во Владата“, вели Мицкоски.

Активната блокада на законодавниот дом, како што појасни, ќе значи блокирање на сите процеси и закони освен на оние закони што се однесуваат за помошта кон граѓаните за повисоки плати и пензии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button