ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски-Петков: Потребата е да се изгради доверба

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска се сретна и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на која разговарале за актуелните состојби во однос на односите меѓу двете земји, пишува Алсат.

Advertisements

Мицковски ја истакна потребата од градење доверба, отворање односи и поврзување на теми и области каде што е можна взаемна соработка и взаемна корист за граѓаните на двете земји.

“Имав средба со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков. На средбата разговаравме за актуелните состојби врзани за односите на двете земји. Се задржав на истите позиции кои се и претходно јавно познати. Она што беше посочено е потребата за градење на доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави.
Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8 и други проекти важни за двете земји. Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување”, веи Мицковски.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button