ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Mицкоски со ултиматум до Zаев – или оствка или гласање недоверба

ВМРО ДПМНЕ со нов ултиматум до премиерот Зоран Заев. Доколку не поднесе оставка до понеделник напладне, ќе биде покрената иницијатива за гласање недоверба на Владата. Христијан Мицкоски им верува на 61 – от  пратеник кои што се потпишани на иницијативата за ново парламентарно мнозинство.

Advertisements

Мицкоски вели дека се сомнева во искреноста на Заев да поднесе оставка, додавајќи дека не треба да се избрзува со новото мнозинство.

Мицкоски ги отфрли како шпекулативни информациите дека одредени пратеници може да се повлечат од потписите дадени за уривање на Владата. Според Деловникот на Собранието, за предлогот за гласање недоверба на Владата се одлучува на пленарна седница третиот ден по доставување до Собранието.

Адриан Керими  

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button