МАКЕДОНИЈА

Советници од Тетово со реакција за одолговлекување на истрагата за Модуларната болница

Групата независни советници „Подобро за Тетово“ денеска реагираа на одолговлекувањето на истрагата на Обвинителството за опожарувањето на модуларната болница во Тетово, каде што животот го загубија 14 лица. Независните советници побараа целосно расчистување на случајот, и изведување на сторителите пред лицето на правдата. Советникот Хамди Сулејмани дури го обвини обвинителството дека намерно ги крие фактите за да ги амнестира виновниците.

„Тетово и јавноста сакаат да знаат до каде се истрагите. Зошто дел од извештајот за крим техника не се објави,  како и извештајот на германските експерти. Дали овој извештај е даден за ослободување од одговорност на одговорните во предизборниот период по барање на Владата. Нема детали од обвинителството за организиран криминал и корупција за тендерот и модуларните болници, и дали ги исполнувале основните стандарди за безбедност, управување и одржување. До денес нема конкретен одговор дали болницата имала или не систем за противпожарна заштита“, рече Хамди Сулејмани, советник „Подобро за Тетово“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button