ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Редици на клиниката за пластична хирургија, предност ако се плати

Долги редици на Клиниката за пластична хирургија во Скопје. Во период на пандемија, оваа клиника работеше само за итни случаи, додека од почетокот на ноември се прават и приватни интервенции. Ова предизвика ходниците да бидат преполни бидејќи заостанатите случаи не добиле соодветен третман во последната година. Дел од граѓаните се жалат на долгото чекање.

„Сопругата треба да го смени завојот. Колку чекавте за интервенција? Закажавме порано и требаше да чекаме еден месец за да стигнеме на третман“.

Поплаки имаше и од медицинскиот персонал кој вели дека и покрај неуморната работа со полно работно време, нивниот човечки капацитет е недоволен за навреме да ги дадат сите услуги. Зад камерите, дел од хирурзите велат дека приоритет имаат случаите за приватни естетски операции бидејќи се повеќе платени. Иако некои интервенции се покриени од Фондот за здравство, според нив, тие и понатаму остануваат на долгата листа на чекање.

„Овде сите имаат закажано, се прави прием а потоа контроли и има многу прегледи. Дури и за време на пандемијата работевме, што значи дека не застанавме цело време, дури и кога вирусот беше на својот врв, правевме пластични интервенции“.

Но, директорката на оваа Клиника демантира. Според неа, во институцијата што ја води на прво место е интересот на граѓаните кои имаат здравствено осигурување. Пејкова рече дека во 35 – те кревети на оваа клиника над 95 отсто од случаите се хоспитализирани со здравствени проблеми, а не за естетски третмани.

Според дирекцијата на Клиниката за пластична хирургија, двете амбулантски одделенија дневно прегледуваат по околу 120 пациенти, а секој лекар има 15 прегледи на пациенти во една смена. Иако во време на пандемија е вратена можноста за приватни естетски операции, повторно по девет операции дневно се вршат за случаи со функционални здравствени проблеми.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button