СПОРТ

Даци го постигна 4. гол за Вестерло

Репрезентативецот на Македонија до 21 година, Ердон Даци, со голем успех игра во Втората лига на Белгија, откако го постигна четвртиот гол сезонава во дресот на Вестерло. Даци летово дојде во белгискиот тим од Турција, Коњаспор и досега со постигнатите голови директно влијаеше на победите на белгискиот тим. Тој го постигна последниот гол викендов, во ремито 1-1 против Беверен. Даци беше автор и на победничкиот гол против Ломел, Моленбек и Виртон и ова е првпат да постигне гол, а неговиот тим да не дојде до победа. Инаку, Вестерло ја држи првата позиција во Втората лига на Белгија со 24 бодови или 7 повеќе од второпласираниот Васланд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button