ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Уставни измени во овој пратенички состав, и под овие околности нема да има

Мицкоски: Уставни измени во овој пратенички состав, и под овие околности нема да има

Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат нема да има, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Одговарајќи на прашањето дали партијата ќе учествува во работните групи што ги најави власта за текстот на уставните амандмани, тој кажа дека процесот ќе заврши неуспешно.

„Ова не е времето кога можеа да се договараат со одредени уценети политички поранешни структури коишто за жал функционирале во ВМРО-ДПМНЕ. Такви нема сега повеќе“,рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера премиерот Ковачевски, на заедничката прес-конференција со високите претставници на ЕУ, Жозеп Борел и Оливер Вархеји повика сите политички партии да учествуваат во процесот на уставни измени и да не се попречува евроинтегративниот пат. Ваква порака испрати и Борел, кој меѓу другото, кажа и дека не е возможно одново да се преговара за предлогот од јули со кој започнале преговорите за членство во Унијата, нешто што претходно го најавуваше Мицкоски.

„Кога некој од тие бриселски политичари е подготвен да седна на маса со нас очи во очи и да разговара, а јас секаде тоа го кажувам, и на дипломатските претставници во Македонија и на тие коишто доаѓаат од Брисел и на тие коишто доаѓаат од други држави, дека „вашето мислење го цениме и ни значи, сепак вие сте наши партнери, но ова е двонасочна улица и треба да го знаете и нашето мислење“, додаде Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, според најавите на властите, наскоро ќе биде формирана работна група во рамки на Министерството за правда која ќе го крои текстот на измените, а тие пред пратеници би се нашле во мај или јуни./Алсат.мк

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button