ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Власта, виновна за пожарот во Тетово и за автобуската несреќа во Бугарија

Мицкоски: Власта, виновна за пожарот во Тетово и за автобуската несреќа во Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека саботажата на расправата на парламентарното мнозинство во Собранието за трагедијата со пожарот во модуларната болница во Тетово и за автобуската трагедија во Бугарија значи дека власта признава дека е виновна и за двете. Отсуството на пратениците на СДСМ и ДУИ од седницата на Анкетната комисија Мицкоски го оцени како кукавички чин.

Во меѓувреме, Алијанса за Албанците го демантираше координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми, кој вчера изјави дека пратениците на ДУИ не дошле бидејќи го немале материјал од точките на дневниот ред. Според албанската опозиција, материјалите биле доставени навреме и на албански и на македонски. Партијата на Зиадин Села синоќа објави, како што ја нарекоа, „панорама на срамот“.

Станува збор за фотографии од пратениците на СДСМ и ДУИ кои не учествувале на седницата на комисијата и со тоа не овозможија кворум за разгледување на точките од дневниот ред. На средбата не присуствуваа ниту претставници на МВР, Министерството за правда, од труд и социјала, ниту Народниот правобранител. СДСМ молчи за причините за бојкот на работата на анкетната комисија.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button