ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе резолуција за дефинирање на македонските позиции во преговорите со Бугарија, потребен е национален консензус, вели Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи до македонското собрание Резолуција во која ќе се дефинирани македонските позиции во преговорите со нашиот источен сосед, најави денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што кажа тој, оваа резолуција би имала обврзувачко дејство согласно волјата на народните избраници, а врз Владата би значело оцртување во кои рамки смее таа да разговара, но со почитување на црвените линии во кои се содржани националните и државните интереси.

Прифаќањето на оваа резолуција ќе значи и поддршка за секоја идна влада во водењето преговори и создавањето на гаранции за постигнување на квалитетни решенија кои ќе ги сочуваат нашите, само нашите посебни идентитетски обележја, рече Мицкоски.

Мицкоски го претстави и текстот којшто ќе бил доставен до Парламентот:

·         Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.

·         Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.

·         Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто:

–      Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет и свој временски континуитет.

–      Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе – вековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.

–   Споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен  однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, понатаму подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам.

–   Процесот за евро интеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите.

–  Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи.

– Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button