ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО нема да почитува евентуално потпишан документ со кој се повредуваат јазикот, идентитетот и малцинствата

Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува каков било договор или сличен потпишан документ ако со него се повредува македонскиот јазик, идентитет, историјата и сето она што нѐ прави различни од нашиот источен сосед, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето денешно обраќање пред присутните на протестот пред Владата.

„Доколку некој, без разлика кој, дали на ниво на премиери, министри или работни групи од министерствата се дрзне да чепне во дел од овие атрибути, вклучително и да се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува и таквата хартија за ВМРО-ДПМНЕ, нема да биде задолжителна“, рече  Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button