МАКЕДОНИЈА

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 56 пациенти, од болница пуштени 27 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 56 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 489 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало вкупно 34 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид – центарот на Клиниката за неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, 11 во ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло и девет болни на Клиниката за очни болести.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а исто толку и Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button