ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО побара оставка од Заев и од Османи

ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест организиран пред Министерството за надворешни работи побара оставка од министерот за надворешни работи Бујар Османи, со образложение дека за време на викендот во ова министерство се воделе преговори со бугарската страна.

„Заев не успеа да ја претвори Македонија во европска држава, но успеа да ги обедини граѓаните против него и да побара негова оставка. Никој нема право да тргува со херои, само да остане на власт. Не смееме да ги заборавиме борците кои ги дадоа своите животи за Македонија… Затоа, сметаме дека ниту Бујар Османи, ниту Зоран Заев и Никола Димитров немаат право да тргуваат со интересите на нашата држава“, рече Антонијо Милошоски во своето обраќање кон присутните на протестот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button