ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски за електронските учебници: Тоа е врв на глупостите! Нека не си играат со оган

Врв на глупостите! Вака лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гледа на новиот закон за учебници со кој се предвидува електронска форма на учебниците. Учениците не треба да се жртви на фрустрациите на министрите без разлика од која партија доаѓаат, рече Мицкоски и додаде:

Advertisements

„Оваа глупост е врвот на глупостите. Не постои држава во која децата нема да имаат можност да имаат в рака хартиена форма на учебник. Имајќи предвид дека имаме околу 250 000 ученици и десетина проценти, како што кажаа од владата, немаат дома компјутери, тоа значи дека 25 000 дечиња нема да имаат можност да добијат соодветно образование“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека законот е моментално повлечен од Собрание, но оти ќе го вратат со европско знаменце.

„Нека не си играат со оган“, порача Мицкоски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button