МАКЕДОНИЈА

Мицковски: Јазикот е како генот, ќе опстои ако се негува

 Јазикот е како генот, ќе опстои ако се негува, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски по повод Денот на македонскиот јазик.
– Климент Охридски им велел на своите ученици: Чувајте го ова што ви го давам! И запомнете – ви го давам за вие понатаму да го давате на народот. И да го браните од туѓинци. А, најубаво ќе го одбраните кога нема да посегате по туѓото, зашто тој што се лакоми по туѓото, го губи и своето!, вели Мицковски во статусот на Фејсбук.
Мицковски порачува да не се заборави и на аманетот на Блаже Конески дека јазикот е нашата единствена татковина и на Петре М. Андреевски кој вели дека „без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме.”
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button