ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицковски најавува економски развој

Мицковски најавува економски развој

Мандатарот за новата влада на Македонија, Христијан Мицкоски, во своето експозе пред пратениците повика на надминување на поделбите и дека разликите не можат да бидат поголеми од мотивот за успехот на државата. Според него, новата влада ќе донесе економско зајакнување и развој.

Мицкоски рече дека информациите што ги добил покажуваат дека состојбата во државата воопшто не е добра.

Идниот премиер изјави дека не бара 100 дена меден месец и најави дека во вторник ќе се случи нова инвестиција, во вредност од над 400 милиони евра. Вети и зголемување на пензиите. Во економската сфера, Мицкоски вети 55 илјади нови работни места и многу други мерки.

Идниот премиер вети инвестиции во инфраструктурата од 2 милијарди евра во текот на 4 години, доизградба на автопатот Кичево-Охрид, реконструкција на железничкиот коридор 10 и 250 милиони евра инвестиции во општините. Мицкоски воопшто не ги спомена односите со Бугарија, а со општа формулација порача дека ќе се ангажира за добрите односи со соседите. Тој рече дека новите владини претставници ќе бидат под надзор и дека нема да одговараат пред партијата, туку пред граѓаните, додека оние кои нема да можат да одговорат на задачата ќе бидат сменети, без оглед на која политичка партија припаѓаат./Алсат.мк

Арта Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button