РЕГИОН
Мицотакис: Европа треба да се разбуди и да изгради сопствена одбранбена политика

Европа треба да се разбуди и да изгради сопствена одбранбена политика по драматичната промена во САД во однос на Украина и геополитичките случувања во последните месеци, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Говорејќи на деловна конференција во Солун синоќа, Мицотакис рече дека Европа треба „да се разбуди од геополитичката и економската летаргија во која за жал западна веќе некое време“, објави Ројтерс.
„Неодамнешниот развој на настаните и овој различен поглед на работите од Соединетите Американски Држави сега не обврзуваат не само да се соочиме со вистината, туку и да се движиме со многу голема брзина и да ги спроведеме одлуките за кои разговараме долго време“, нагласи тој.