РЕГИОН

Мицотакис: Сите балкански земји треба да влезат во ЕУ до 2033

Пред самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Грција, Мицотакис рече дека ЕУ мора да докаже дека кога „поставува визија, има намера и капацитет да ја спроведе“.

Визијата на ЕУ за регионот стана „матна и бледа во очите на фрустрираните и разочарани граѓани“ бидејќи процесот на проширување на ЕУ е закочен во последните години поради загриженоста за безбедноста, управувањето и миграцијата, рече Мицотакис.

Самитот ЕУ-Западен Балкан е закажан за 23-ти јуни.

„Мојата порака денес е јасна. Во согласност со поставените критериуми, нудиме интеграција на целиот Западен Балкан во ЕУ до 2033 година, што е амбициозна, но остварлива временска рамка. Веќе е доцна“, рече Мицотакис.

„Првиот чекор мора да биде одлука за две недели во Брисел за деблокирање на (европскиот) пат на Македонија и Албанија“, додаде тој.

Иницијативата на Мицотакис сугерира дека Грција се обидува да ја зајакне својата улога на Балканот откако излезе од финансиската криза што го наруши нејзиниот имиџ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој денеска ја започна дводневната турнеја низ Западен Балкан, се очекува да отпатува и во Солун на вечера со 13 учесници на ПСЈИЕ.

Притсутен е и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button