МАКЕДОНИЈА

Мицскоски: Брзи предвремени избори, власта е некредибилна

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Патот Кон“ на Алсат уште еднаш ја потенцираше неговата проценка дека на земјава ѝ се потребни брзи парламентарни избори. Како што кажа тој, власта е некредибилна и со нејзиното држење на власта најголем губитник е народот.

Advertisements

„Сега како што е состојбата мислам дека нема да има ниту за македонските граѓани, ниту за оваа власт нешто што може да биде ново и креативно. Колку подолго оваа власт останува таму каде што е, јас би рекол некредибилна, толку повеќе ќе губат македонските граѓани. Тука нема етничка припадност, губат и Македонци, губат и Албанци и Турци, Срби, Власи, Роми и Бошњаци, буквално сите“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button