МАКЕДОНИЈА

Неколкуте трагедии во државава укажуваат на трул и нефункционален систем, вели Мицкоски

Трул и нефункционален систем и отсуство на чувство за одговорност кај владината коалиција се дел од забелешките кои лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги упати од своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат. Запрашан за коментар во врска со неодамнешната автобуска несреќа во Бугарија, во која трагично загинаа 45 лица, Мицкоски вели:

Овие луѓе коишто се сега во власта, односно оваа коалиција, СДСМ – ДУИ, работи на разнебитување и урнисување на системот. Тој денеска е нефункционален, а последиците од систем којшто е трул и нефункционален ги гледаме секојдневно. Така беше и со трагедијата во Ласкарци, тогаш беше друга транспортна компанија, така беше и со модуларната болница, таму имаме виновен продолжен кабел, така и сега на експресниот пат „Струма“, кога 45 луѓе го загубија својот живот и повторно нема никаква одговорност“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button