Мкаедонија 2025: Потребен е 5% раст на БДП за земјата да оди напред

Најмалку 5% пораст на бруто домашниот производ е потребен за земјата да оди напред и постепено да стигне до земјите од регионот и пошироко, велат од организацијата „Македонија 2025“, која го организира 13-тиот Самит. Економскиот раст и подобрување на животниот стандард, како што се наведува, може да се постигне преку сеопфатна дигитализација на земјата, зајакнување на конкурентноста на економијата и искористување на потенцијалот на дијаспората во Македонија. Исто така, дел од сегментите на кои треба да се работи се борбата против корупцијата, подобрување на инфраструктурата и зголемување на извозот.
Идејата на основачите на „Македонија 2025“ е да го поддржат развојот на земјата за до 2025 година земјата да стане развиена земја, членка на ЕУ.
Организацијата „Македонија 2025“ минатата година реализираше 40 програми во кои учествуваа над 1.500 лица, средношколци, студенти, менаџери и компании. Од основањето на организацијата се спроведени програми за поддршка на економскиот развој во износ од четири милиони долари.
Аднан Ќаили