ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Многу споредни патишта во тетовскиот регион се во лоша состојба

Патот што води до автобуската станица во Тетово со години чека санирање.Дупките кои на некои места се длабоки и над 30 сантиметри, во врнежливи денови, честопати предизвикуваат возилата да претрпат големи штети.

„Не можете да пресметате колку се сериозни штетите и никој не презема ништо. Секогаш било така, седум или осум години. Ајде да излеземе таму и да ги видиме  дупките. Овој е патот до автобуската станица, нема ништо полошо“.

Возач на автобус

„Има многу дупки, проблем e, ги расипувбаме автобусите, ова мора да се поправи. Имаме многу штети, амортизери и други работи. Не му личи овој пат на станицата?

„Проблемот со патот не е единствениот проблем што го има автобуската станица во Тетово. За време на врнежи, автобуската станица обично изгледа вака … со многу вода на нејзиниот влез поради недостаток на израмнување на патот“.

Од општина Тетово, исто како и минатата година, продолжуваат со мерења и проектирања.

„Се прават мерења. Тоа е во фаза на проектирање и мерење и понатаму ќе се продолжи со градење, односно ќе продолжи реконструкцијата на овој пат “.

Во ваква состојба, во Тетово, се наоѓаат повеќето од споредните патишта, кои со години чекаат за асфалтирање.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button