ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Решавањето на спорот со Бугарија не е услов на ЕУ за старт на преговорите, но одлуките таму се носат со консензус

Министерот за надворешни работи Бујар Османи не смета дека решавањето на спорните прашања со соседна Бугарија се издигнати како услов на Европската унија за отпочнување на преговори за членство. Тој вели дека инсистирањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ова прашање да се реши побрзо доаѓа поради фактот што, како што рече, сите одлуки во Унијата се носат со консензус и оти се додека нема согласност од Бугарија процесот на преговори не може да почне.

– Политиките за проширување во Европскиот совет се носат со консензус и доколку нема согласност на една од 27-те земји членки процесот не може да се движи напред. Така што, се додека Република Бугарија не даде согласност за усвојување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција, тоа значи дека нема консензус и не може да се движи напред. Претпоставувам дека во тој контекст е поставено прашањето со Бугарија, не како услов на ЕУ, бидејќи 26 земји членки беа за текстот на преговарачката рамка изминативе месеци и за почнување преговори во декември, единствено против беше Република Бугарија, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button