ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ивановска: Антикорупциска ги чека одговорите од Владата за софтверот на Рашковски

Државната комисија за спречување корупција сè уште не добила одговор од Владата за новиот предмет што го отвори за Драги Рашковски по сториите на „360 степени“ дека Генералниот секретаријат на Владата лани направил софтвер за сообраќајни прекршоци за кој МВР не знеа и не планира да го користи. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека очекува Владата да го испочитува законскиот рок за бараните одговори. За другиот предмет поврзан со Рашковски, Ивановска рече дека договорот со италијанската фирма „Леонардо“ за набавка на радарски систем останал ист и пред во него да се вклучи поранешниот генерален секретар на Владата, но вели дека сомнително е доцнењето со исплатата на траншите за кои државата плаќа високи камати.

„Знате тој е малку покомплексен предмет. Ние го отворивме и од аспект на јавната набавка, на целата постапка за избор на „Леонардо“ како оператор од кој што требаше да се набави таа опрема, тој е малку пообемен процес, и тој процес е завршен. Е сега вториот процес од времето кога Рашковски се вклучува и зошто се вклучува и зошто се одолговлекува времето на склучување на договорот, иако се склучува ист договор како и претходно што се сакало да се склучи, ни остануваат уште ситни детали, околу пет до десет проценти, за целосна обработка на предметот, меѓутоа и тоа брзо ќе се заврши и ќе ги објавиме резултатите од тој предмет.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button