ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР ги достави документите за тендерите со ЕУРОВИА

МНР ги достави документите за тендерите со ЕУРОВИА

Министерството за надворешни работи до Антикорупциската комисија и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, ја достави документацијата за јавните набавки во кои била вклучена фирмата Еуровиа. Таа е еден од најголемите донатори на ДУИ, партијата од каде доаѓа и самиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи. Од МНР ги повикуваат институциите приоритетно да го третираат предметот, земајќи ги предвид, како што велат, шпекулациите во јавноста. „Нема нерегуларности во неопходната постапка за одржување во Скопје на најголемиот меѓународен политички настан во рамки на претседавањето на земјава со ОБСЕ“, се вели во соопштението на МНР. Еуровиа доби тендер од 1,8 милиони евра од ова министерство за адаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“, за потребите на конференцијата на ОБСЕ што ќе се одржи во декември. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button