ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово намален бројот на ученици

Во Тетово намален бројот на ученици

Учебната година во Тетово започна со загриженост поради драстичното намалување на бројот на ученици. Годинава од училиште се отпишале околу 1.000 ученици. Овој број е помал од лани, но затоа пак, годинава има поголемо намалување на учениците во средното образование и тоа за околу 200 во однос на претходната година.

„Во нашата општина евидентирани се вкупно 991 основец, што е намалување за 50 ученици во однос на претходната година. Што се однесува до учениците во средните училишта, имаме број од 1.159 ученици, што за жал во однос на лани имаме намалување за 200 ученици, поради нивното иселување во западните земји“, изјави Назми Даути- одговорен за образование на општина Тетово.

Од општината велат дека и покрај намалувањето на бројот на запишани ученици во прво одделение, нема да има затворање на паралелки. Едно од основните училишта каде што има намалување на бројот на ученици е „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“ во Порој.

„Подготвени сме да започнеме и сè е во ред. Што се однесува до бројот на ученици, евидентно е дека има драстично намалување, иако сè уште се држиме бидејќи имаме три села Порој, Џепчиште и Ѓермо, но секојдневно имаме барања од родители кои се селат во различни земји во Европа“, нагласи Бујар Ислами- директор на О.У „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“- Порој.

„За разлика од основните училишта каде единствен проблем останува намалувањето на бројот на основци, стариот проблем и понатаму останува во средните училишта. Во Тетово на сите средни училишта им недостигаат повеќе од 20.000 книги“, известува Башким Сулејмани, новинар.

Покрај недостигот на книги, учениците од село Селце наставата ја започнаа и во старата зграда без соодветни услови. Ветувањето за нов објект не беше исполнето.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button