ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР: Немаме информации дека македонски државјани се борат во Украина

МНР: Немаме информации дека македонски државјани се борат во Украина

Министертво за надворешни работи на Северна Македонија нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина, по објавата на руското Министерство за одбрана дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 72 наши граѓани.

– Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. Постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана, велат за МИА од МНР.

Властите во Москва објавија табела за, како што ги нарекуваат, странски платеници што се борат на страната на Украина. Меѓу земјите од кои во Украина доаѓаат „платеници“ е и Северна Македонија. Според руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на украинска страна се бореле 79 македонски државјани од кои убиени се 26, вратени се 21, а активни на фронтот се уште 32 лица од земјава.

Меѓу земјите од има „плтеници“ во Украина се и Албанија, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Финска, Летонија, Косово…

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button