ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

693 нови позитивни случаи со КОВИД-19

693 нови позитивни случаи со КОВИД-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.480 тестови, а регистрирани се нови 693 случаи на КОВИД-19: Скопје – 255, Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20, Гостивар – 16, Кочани и Делчево – по 12, Неготино – 10, Кичево и Струга – по 8, Ресен – 7, Крива Паланка и Берово – по 5, Свети Николе и Валандово – по 4, Кратово – 3, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Пробиштип и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (693), регистрирани се 170 реинфекции.

Регистрирани сe 827 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (77г) и Богданци (77г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Бројот на активни случаи изнесува 4.243.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button